Победа експресно елиминирана во Купот: И дадоа 6-ка на пријателска, а сега ја елиминираа и од фудбалскиот Куп

Со погодокот на Костовски во 11-та минута, ФК Осогово од Кочани ја порази Победа и ја елиминираше уште во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија.

Ова е втор пораз за прилепчани од Осогово летово, откако кочанчани претходно во пријателски натпревар ги совладаа црвено-белите со високи 6:0.

Со оглед дека во 16-финалето од Купот нема повратни натпревари, Победа после првите 90 минути во ова натпреварување ги пакува куферите, па за прилепчани остануваат само натпреварите во Втората лига.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.