Побегнал од прилепскиот затвор, па со уште едно лице украле 30 штеки цигари од маркет

На 24.07.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.З.(35) и А.Ј.(29), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул.„Север-југ” во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото и било вратено на сопственикот.

По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, од каде побегнал и каде што издржувал затворска казна. Тој бил спроведен во установата за издржување на казна затвор од осум месеци. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.