Општина Прилеп започнува со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.
Наградите се доделуваат на физички и правни лица за нивни особени достигнувања и остварувања од значење за општественоста, стопанството, културно-уметничкиот и политичкиот живот, како и за придонес во развојот и афирмацијата на Општина Прилеп.
Предлози за кандидати можат да поднесат претпријатија, здруженија, граѓани и други заинтересирани субјекти. Секој предлог треба да биде образложен и аргументиран, со конкретно наведување на достигнувањата и придонесот на кандидатот во соодветната област.
За наградата за животно дело можат да бидат предложени кандидати кои во подолг временски период оствариле значајни резултати и дале особен придонес во својата област.
Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, преку приемното одделение во Општина Прилеп или по пошта на адреса:
ул. „Прилепски бранители“ бр. 1, Прилеп.
Крајниот рок за доставување на предлозите е 9 октомври 2026 година.
Од Општина Прилеп ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, организации и институции да предложат личности и субјекти кои со својата работа и достигнувања оставиле значаен белег и придонеле за развојот и афирмацијата на Прилеп.
























