Општина Крушево доби нов мини ровокопач-натоварувач за поефикасни комунални услуги

Општина Крушево го унапредува својот технички капацитет со набавка на нов мини ровокопач-натоварувач со комплетна опрема, кој ќе придонесе за поефикасно извршување на комуналните активности и подобро одржување на локалната инфраструктура.

Како што информира градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, механизацијата е обезбедена преку проект реализиран во соработка со Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Со новата механизација се очекува побрзо и поефикасно справување со потребите на терен, како и подобрување на комуналните услуги за жителите на Крушево и населените места.

„Продолжуваме со посветена работа, вложување во општинските капацитети и создавање подобри услови за сите жители на Крушево и населените места“, порача Чонески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.