Николоски од Прилеп: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка, a истакна дека причината зошто се тука е многу значајна.

-Со забрзување на динамиката на изведба на автопатот Прилеп – Битола со отвораат нови 1200 работни места, со можност за вработување на исто толку луѓе, што за целиот пелагониски регион претставува огромна можност, изјави Николоски.

Тој истакна дека е огромна можност за луѓе да најдата работа но исто така да стекнат искуства и знења кои што е ретка прилика да се стекнат бидејќи не се гради секој ден автопат.

-Ова е можност за малди луѓе кои што завршуваат градежен или архитектонски факултет, за малди инженери, но исто така и за градежни работници, квалификувани и неквалификувани, потенцира Николоски.

Николоски истакна дека се отвораат работни позици за: градежни и сообраќајни инженери, геодети, технилки и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници.

Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.