Ретки се местата кои едноставно недостигаат кога ги нема во викенд-плановите. Места каде што добрата храна, омилените коктели, внимателно одбраната музика и атмосферата создаваат моменти по кои повторно се враќаш. Токму на тоа не навикна во изминатиот период AVRA во Прилеп, па сега со нетрпение очекуваме да се врати со нова програма и изненадувања.
Иако моментално е затворена за гости, зад вратите на AVRA се подготвува нешто ново. Просторот се проширува, со цел да се создадат уште подобри услови и повеќе место за сите оние кои сакаат да уживаат во AVRA моментите. Што точно се подготвува? Засега ќе оставиме малку мистерија, но едно е сигурно – од декември AVRA повторно ги отвора вратите, а враќањето ќе биде проследено со низа пријатни изненадувања!
И додека се подготвува новото издание на омиленото место за излегување, веќе е познато она што многумина со нетрпение го очекуваат – предновогодишната програма на AVRA!
Во декември гостите ги очекуваат внимателно одбрани музички имиња и вечери исполнети со добра енергија. Taneva & Acoustic, Acoustic Division, Marko Logout, Mood Fellas, Anna feat. Aleks i Goran, The Four, Roki & Friends се само дел од музичките имиња кои ќе ја одбележат празничната програма.
Посебно внимание привлекува и 31 декември, кога AVRA подготвува дневна новогодишна журка со Taneva & Acoustic, од 13:00 до 18:00 часот. А интересот веќе е голем – за забавата на 24 декември со Anna feat. Aleks i Goran резервациите се целосно распродадени!
Подготвена е и понудата за корпоративни забави!
За 1.750 денари по лице, AVRA нуди концепт за дружење и прослава со неограничени пијалоци, богато мени за делење и музика во живо во времетраење до четири часа.
Понудата вклучува Smirnoff, Gordon’s, Златен Даб, ракија, бренди, узо, вино, вода и сокови, како и два коктели по избор според ценовникот. На трпезата, пак, гостите ги очекува разновидна селекција од крцкави залачиња, начос, Truffle Fries, BBQ Pulled Pork, пилешка салата и домашна Garlic Focaccia.
За резервации и подетални информации во врска со корпоративните забави: 078 376 111.
Значи, AVRA се подготвува за ново поглавје, со повеќе простор, нови изненадувања и празнична програма која ветува многу добри моменти.
До декември останува уште малку. А тогаш, повторно ќе се потсетиме дека не е исто во викенд без AVRA!
































