Направи свој коктел, најдобрите вкусови носат вреден ваучер и ќе се најдат во менито на АVRA

Што ако следниот коктел што ќе го пиете во AVRA не биде само коктел од менито, туку ваша сопствена креација?

Токму тоа е новото искуство кое AVRA го подготвува за своите гости. Оваа недела, на 6 септември, секој нарачан коктел доаѓа со посебна „Create Your Cocktail“ картичка, преку која гостите добиваат можност да влезат во улогата на вистински коктел мајстори и да го создадат својот идеален пијалак.

Идејата е едноставна, но интересна – Design it. Name it. Make it yours.

На картичката, чекор по чекор, самиот гостин го креира својот коктел. Прво избира чаша, алкохолна база и техника на подготовка – Shake, Stir или Build. Потоа следува најинтересниот дел, балансирањето на вкусовите преку избор на слатки и кисели ноти, сода или тоник, како и соодветен гарниш кој ќе ја заокружи креацијата.

Но, секој добар коктел има и своја приказна.

Затоа, гостите ќе имаат можност на својата картичка да му дадат уникатно име на коктелот, но и да ја споделат приказната или идејата што стои зад нивната креација.

А најдобрите идеи нема само да останат на хартија.

AVRA ќе избере три најдобри креации, а нивните автори ќе добијат ваучер во вредност од 1.000 денари, но и нешто уште поинтересно, можност нивниот коктел да биде дел од менито за одреден ден, а креаторот својот коктел ќе може да го порача бесплатно тој ден!

Тоа значи дека вашата идеја може да стане следниот омилен коктел на гостите во AVRA.

За дополнителна интеракција, од AVRA ги повикуваат гостите да ги споделат своите креации на Instagram Stories и да го тагираат @avra.cocktailbar.

Оваа недела, коктелот не се избира само од мени, вие го креирате, вие му го давате името, вие ја раскажувате приказната.

Design it! Name it! Make it yours!

Се гледаме во AVRA утре, недела, 6 септември!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.