На автопатот Охрид-Кичево се работи и дење и ноќе – Од утре во употреба се пушта и клучката Требеништа (Фото галерија)

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во изградба на автопатот Охрид-Кичево.

На својот фејсбук профил, вицепремиерот Николоски објави дека од утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од овој автопат.

„На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.

Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево.

Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.

Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата“ – објави вицепремиерот Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.