“Крушата под круша паѓа” – Прилепчанецот Марко Димитријоски освои бронзен европски медал

Џудото е спорт со долга историја во Прилеп, а очигледно има и успешна сегашност.

Младиот џудист од прилепскиот џудо клуб “Пролетер”, Марко Димитријоски, освои бронзен медал на Еропскиот џудо-куп за кадети до 16 години, кој се одржа во Ѓер, Унгарија.

Ако се земе во предвид дека на Европскиот Куп учество зедоа 560 џудисти од 24 земји, овој успех на Марко е уште позначаен.

До медалот прилепскиот џудист стигна по 4 имресивни победи и само еден пораз.

Инаку Марко е внук на легендарниот џудо мајстор од Прилеп, Славе Димитријоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.