Во тек е комплетна обнова на овој омилен простор за рекреација и уживање, псбно за најмладите. Извршено е целосно кастрење на дрвјата, темелно е исчистен целиот простор, а обновени се и клупите и корпите за отпадоци, со што се создава поуредна и попријатна атмосфера за сите посетители – информираат од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп.
Од Комуналец велат дека се работи на целосно обновување на кафезите, се прават подобри услови, а Рајската градина ќе биде збогатена со нови украсни и птици, кои ќе внесат уште повеќе живот, убавина и привлечност во овој уникатен парк.
-Овој парк предизвикуваше најголема радост кај најмладите, но по неколкуте кражби, и игинување на украсните птици, како и намерното уништување, овој простор подолго време беше запоставен. ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, во Соработка со Локалната самоуправа ги уредуваат јавните простори и создаваат подобри услови за одмор, рекреација и дружење за сите граѓани. Веќе најавивме дека ќе се посвети внимание на сите паркови. Односно, парк по парк, за чист, убав и зелен Прилеп, велат од ова јавно претпријатие.





























