Каратe клубот „Бонсаи“ од Прилеп со одлични резултати на Купот на Македонија: Осум медали и пласман на Светското првенство

Уште еден успешен настап зад себе имаат каратистите на Карате клубот „Бонсаи“ oд Прилеп, кои на 5 и 6 септември настапија на Купот на Македонија и постигнаа одлични резултати.

Под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, младите каратисти на „Бонсаи“ освоија вкупно осум медали, потврдувајќи ја својата посветеност, квалитет и континуирана работа.

Најголем успех оствари Катерина Јорданоски, која во јуниорска конкуренција го освои првото место во борби до 48 килограми. Со оваа победа, Катерина избори и пласман на Светското првенство во Полска, што претставува голем успех за неа, но и за клубот.

Марија Јорданоски се закити со сребрен медал во борби до 53 килограми во јуниорска конкуренција, а освои и бронза во ката поединечно.

Бронзени медали освоија и Јована Илиоска во категоријата U21 – ката индивидуално, Цвете Миланоска во кадетска конкуренција – ката индивидуално, Леонид Белески во кадетска конкуренција – борби до 52 килограми, како и Максим Петрески и Христијан Димески во кадетска конкуренција – ката индивидуално.

Со осум освоени медали, од кои еден златен, еден сребрен и шест бронзени, Карате клубот „Бонсаи“ уште еднаш покажа дека има сериозен потенцијал и дека вложувањето во младите спортисти носи резултати.

Особено радува успехот на Катерина Јорданоски, која со својата победа обезбеди настап на светската карате сцена во Полска.

Од клубот упатуваат честитки до сите натпреварувачи за постигнатите резултати, но и за трудот, дисциплината и посветеноста кои стојат зад секој освоен медал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.