Каде на предновогодишна забава во Прилеп? Рестораните ги објавија менијата и музичките програми – еве каде што се нуди!

Прилеп отсекогаш знаел да се забавува, а предновогодишниот период е една од оние традиции што секоја година носат посебна атмосфера, добро расположение и многу убави моменти.

Декември е време кога се собираат семејствата, се организираат дружби со пријателите, се слави со друштвото, но и со колегите од работа. Секој сака да ја избере својата омилена вечер, добро место, вкусна храна и музика што ќе ја направи забавата незаборавна.

И оваа година, прилепските ресторани, кафулиња и локали подготвуваат богата понуда за предновогодишните празнувања. Различни менија, разновидни музички програми, настапи на познати музички имиња и атмосфера за сечиј вкус.

Во продолжение ви ги претставуваме понудите, менијата и програмите на рестораните и локалите во Прилеп.

НАЈДОБРАТА ТЕРАСА во ПРИЛЕП (Pub Club Terasa) оваа година со феноменална програма и МЕНИ на кое не може да се одолее:

ТЕРМИНИТЕ во РЕСТОРАН ПОРТА се при крај:

НОВИНА во ноќниот живот и вистинско освежување во понудата на Прилеп оваа година е AVRA – Bites & Cocktails, каде очигледно добро се подготвиле за престојните предпразнични денови, па еве што нудат:

ПРИЛЕП пред извесно време го доби и Cipriani Fine Dining & Lounge Bar, ресторан кој создаде нови стандарди на угостителската сцена, не само во градот под Марковите Кули, туку и пошироко. И во Cipriani ќе се празнува и ќе има одлични забави, а еве што нудат и што има како музичка понуда:

Кога сме кај Cipriani, не е лошо да знаете дека имаат и голем GIVE AWAY во тек, ПРОЧИТАЈТЕ на ЛИНКОТ во продолжение:

Можеби токму вие ќе ја дочекате Новата година со нов iPhone 18 Pro – Голема наградна игра во Cipriani!

НЕ СМЕЕМЕ да го заборавиме ЛАКИ, ресторанот со една од најдолгите ТРАДИЦИИ во Прилеп и оваа година има што да понуди, па со сигурност ќе врие како во кошница.

Не смееме да го заборавиме ниту РЕСТОРАН ЦЕНТРАЛ. Сместен на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во правец кон Затворот Прилеп, на само стотина метри од левата страна, Ресторан Централ подготви ВРВНА ПОНУДА на предновогодишни забави за сечиј вкус.

Ако планирате да славите, не оставајте ја резервацијата за последен момент. Интересот е голем, термините се резервираат брзо, па можеби токму сега е вистинското време да го изберете вашето омилено место и да си обезбедите вечер исполнета со добра храна, музика и дружење!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.