Извидниците од прилепскиот клуб „Феникс“ го одржаа десеттиот традиционален одредски камп – три дена авантура, дружење и извиднички дух!

Нови пријателства, тимски предизвици, многу смеа и авантури во природа! Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп го реализираше 10. Традиционален одредски камп (ТОК), кој и оваа година донесе нови искуства, незаборавни моменти и можност членовите уште повеќе да го почувствуваат вистинскиот извиднички дух.

Кампот се одржа од 30 октомври до 1 ноември 2026 година, во прекрасниот амбиент кај манастирот „Св. Ѓорѓија“ во селото Присад, а воедно беше дел од октомвриската МОА лига под мотото „Зеленото во Трибрид“.

Иако есенското, врнежливо време ги следеше извидниците во текот на кампувањето, тоа не успеа да ја намали нивната енергија и ентузијазам. Напротив, дождот беше само уште еден дел од авантурата, додека друштвените игри, натпреварите, смеата, топлото чајче и заедничките моменти создадоа вистинска кампувачка атмосфера.

Посебна цел на овој камп беше запознавањето на новите членови со извидништвото, создавањето нови пријателства и зајакнувањето на тимскиот дух. Преку заедничките активности, дружбата и предизвиците, учесниците уште еднаш покажаа дека најубавите извиднички искуства се создаваат кога сите функционираат како еден тим.

Десеттиот камп е уште едно поглавје во традицијата на „Феникс“, исполнето со нови спомени, искуства и авантури!

А бидејќи извидништвото не познава лошо време, туку само нови предизвици – авантурата продолжува!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.