Под мотото „Убавината на различностите“, КУД „Моминок“ и НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп за првпат ја реализираа манифестацијата „Играме заедно“ – вечер посветена на фолклорот, традицијата и младите генерации.
На манифестацијата учествуваа ФГ „Вапцаров“ од Делчево, КУД „Охриѓанка“ од Охрид, КУД „Илинден“ од Кривогаштани, КУД „Младост“ од Кичево, гостите од Босна и Херцеговина – „Лазарица“, како и домаќините од КУД „Моминок“.
Преку традиционалните ора, носии и богатството на фолклорните изведби, учесниците ја претставија разновидноста на културното наследство и испратија порака за значењето на неговото зачувување и пренесување на помладите генерации.
Манифестацијата „Играме заедно“ ја истакна убавината на културните различности, но и она што ги поврзува младите – љубовта кон традицијата, музиката и фолклорот.
Во продолжение, преку фотографии, ја пренесуваме атмосферата од оваа фолклорна вечер во Прилеп.


































