Знаеш дека иди продолжен викенд кога ТЕРАСА има подготвено тројна музичка програма, и тоа каква програма. Четврток, петок и сабота, три вечери на кои тимот на Pub Club Terasa ве кани заеднички да градиме спомени за еден поинаков ноќен живот во Прилеп, ноќен живот кој потсетува на старите добри денови, кога угостителските објекти се натпреваруваа да го донесат најдоброто и да изградат имиџ на добар локал во градот.
ОВОЈ ЧЕТВРТОК, како најава за продолжениот викенд, во ТЕРАСА свој настап ќе има новиот музички состав од нашиот град QR CODE BAND – eнергични дечки, за кои допрва ќе се зборува! Кој беше минатиот викенд знае каква атмосфера направија дечките.
Во ПЕТОК (23.10.) Тераса ви закажува нова енергична вечер со маестралните BALKAN JAM. Не се потребни зборови за овој состав, само ќе кажеме дека нема седење, се пее и ужива цела вечер, едноставно малку се 3-4 часа во нивно друштво.
Во САБОТА (24.10.) уште едно изненадување, во ТЕРАСА доаѓа НЕНАД ВРЖАЛСКИ и 90ty Strings – тапани, гитара, виолина…може ли да звучи подобро?!
И не, нема да има место за сите, затоа РЕЗЕРВИРАЈТЕ НАВРЕМЕ на: 070 304 967
Со Тераса викендите во Прилеп никогаш не се здодевни, а ноќното излегување има смисла!


























