Општина Крушево започнува процес на репроценка на недвижниот имот на својата територија, при што во првата фаза ќе бидат опфатени населените места Врбоец, Свето Митрани, Пресил, Милошево и Бучин.
Во наредниот период, овластени тимови од Општината ќе вршат теренски посети во овие населени места, со цел прибирање на потребните податоци за ажурирање и усогласување на постојната евиденција на недвижниот имот.
Од Општина Крушево ги повикуваат граѓаните да соработуваат со овластените тимови и да овозможат непречено спроведување на активностите, кои се дел од законските обврски на локалната самоуправа.
За дополнителни информации во врска со процесот на репроценка, граѓаните можат да се обратат во Општина Крушево.

























