Битола на 29 август ќе биде центарот на најголемиот музички спектакл под отворено небо ова лето. Продажбата на билетите за првото издание на BASTION PLAZA PARTY е во тек, а организаторите ги повикуваат сите љубители на добрата музика навреме да го обезбедат своето место.
Настанот ќе се одржи на Ракометното игралиште во Битола и ќе понуди вечер исполнета со врвна музичка продукција, одлична атмосфера и настапи на две големи музички имиња.
За загревање на атмосферата ќе биде задолжен еден од најпознатите регионални музички продуценти, DJ, аранжер и долгогодишен соработник на Дино Мерлин – Mahir Beathouse, кој за првпат ќе настапи пред битолската публика со својот нов авторски проект „Abuzenze Vibe“.
Станува збор за уникатен музички концепт кој ги спојува ретро диско ритмовите, афро дип хаусот, регето и современата електронска музика со традиционални балкански мотиви. Посебен момент во неговиот сет ќе биде модерниот ремејк на македонскиот евергрин „Македонско девојче“ од Јонче Христовски, кој добива сосема нов звук, а ја задржува емоцијата на оригиналот.
По неговиот настап, сцената ќе ја преземе Аца Лукас со својот бенд. Еден од најголемите балкански музички ѕвезди, кој долги години нема настапено пред битолската публика, ќе приреди концерт со неговите најголеми хитови и ќе ја заокружи вечерта која веќе се најавува како една од најпосетените музички случувања ова лето.
Со секоја купена карта следува подарок!
Организаторите подготвија и дополнително изненадување – со секоја купена влезница посетителите добиваат ГРАТИС Класик Бургер во Bastion Plaza (автопат Е75, Катланово).
Продажни места:
Битола – Brothers Tobacco (Широк Сокак)
Прилеп – Тобако Малта (ул. „11 Октомври“ бр. 1)
Bastion Plaza – автопат Е75, Катланово
Онлајн продажба преку платформата Wayin на линкот во продолжение: https://www.wayin.mk/shop/events/bastion-plaza-parti
Информации и резервации: 070 221 817
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од првото издание на BASTION PLAZA PARTY – музички спектакл кој ќе ја претвори Битола во центар на најдобрата забава под отворено небо. Обезбедете ја вашата карта навреме и бидете дел од вечер за која долго ќе се зборува.
























