За Талевски Саат кулата отчукувала за нова победа: Дали е така или таа вели “АХ” за сите злодела во овие 3 години? (Фото)

Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, денеска се искачи на Саат кулата и напиша дека прилепската Саат кула отчукувала за нова победа и нова иднина

“Прилепе мој, заедно #Можеме уште повеќе, уште подобро!”, напиша Талевски.

На Саат кулата во Прилеп пишува:

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика …”Ах”…”

Oстанува да видиме на 15-ти јули дали Градскиот часовник викал “АX” и за времето изминато во овие 3 години власт на СДСМ и Талевски, кога се менуваше името на државата, кога се воведи двојазичност и во Прилеп….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.