За Мурињо нема “северна”: Вели дека ќе биде опacно во Maкедонија (Видео)

Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо по победата во Пловдив беше прашан за мечот со Шкенндија во Скопје во четврток.

Тој беше искрен дека не знае ништо за овој нашиот претставник, но сепак како што вели, ќе почнат со анализите и подготовките за гостувањето во Скопје. Тоа што е непознат противник не значи дека ќе биде лесно, а Мурињо вели дека мора да бидат претпазливи.

Запрашан за Шкендија, Мурињо одговори:

“Ќе биде опасно во Македонија, како и против Локомотив Пловдив во Бугарија. Да бидам искрен не го познавам тимот, не знам ништо за нив. Мораме да почнеме со работа, но пред тоа имаме маратон во домашните превенства, Саутемптон, Лејтон и на крајот одиме за Македонија”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.