Доктор од Австралија е сигурен дека има лек за коронавирусот: „Со овие два познати лекови ги третиравме пациентите, а резултатите се добри“

Тим австралиски експерти за заразни болести велат дека два лека можат да помогнат во лекување на пациенти со коронавирус, вирус кој досега уби над 16.500 луѓе ширум светот и инфицираше речиси 400.000 луѓе.

Тим експерти за заразни болести од Универзитетот Квинсленд во Бризбејн изјави дека со помош на два познати лекови успеале да излечат заболени од коронавирусот.

Во прашање се лекови кои се користат за лекување на пациенти со ХИВ (комбинација на лопинавир / ритонавир) и маларија (хлорохин). Тие биле користени за лекување на пациенти заразени од коронавирус. Професорот Дејвид Патерсон од Квинсленд вели дека се надева дека ќе има повеќе пациенти вклучени во фармацевтското истражување до крајот на месецот.

– Ова е потенцијално ефикасен третман. Пациентите кои го примиле, го уништиле коронавирусот во нивното тело по завршување на терапијата. Заболените од првиот бран кои пристигнале од Кина во Австралија добро одговориле на третманот на хлорокин, со кој се третира маларија. Сега сакаме да направиме големи клинички испитувања во најмалку 50 болници низ Австралија. Ќе ја споредиме ефикасноста на едениот лек, па друг и нивната комбинација – рече Патерсон.

Тој посочи дека пациентите имаат одлично прифаќање на овие лекови. Покрај тоа, рече тој, предност е што тие не бараат долгорочно тестирање, како кај новите лекови, кои предизвикуваат голем број на несакани ефекти.

Досега во Австралија се пријавени 2.136 пациенти со коронавирус, со 8 мртви. Професорот Патерсон исто така изјавува дека има позитивни искуства во третманот на коронавирусот ширум светот. Тој ги наведе Кина и Сингапур како примери.

„Ако можеме да ги тестираме лековите на првиот бран на пациенти, очекуваме дека доколку има инфекции во наредните месеци, ќе ги имаме најдобрите информации за можен третман за идните пациенти“, додаде Петерсон.

Извор: “Press24”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.