Денеска потпишување на меморандум за модернизација на Зоолошките градини во Битола и Скопје

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди.

На настанот ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.