Модерен и елегантен гастрономски простор во центарот на Прилеп, каде што врвната храна, префинетиот амбиент и живата музика создаваат посебно доживување. Cipriani Fine Dining & Lounge Bar плени со својот раскошен ентериер, господски стил и внимателно одбрани детали, кои му даваат посебен печат на просторот. Со доаѓањето на постудените денови, музичките вечери се преселуваат во топлиот и елегантен внатрешен амбиент, каде што секој детал придонесува за чувство на удобност, стил и вистинско уживање.
И оваа недела, Cipriani подготвува две музички вечери со различен карактер, но со заедничка цел, да ви понуди уживање за сите сетила, во срцето на градот под Марковите Кули!
ЧЕТВРТОК, 22 ОКТОМВРИ заедно со GORAN SLIDE
Со својата гитара и препознатлив музички израз, Goran Slide секогаш знае како да создаде атмосфера за вистинско уживање. Вечер исполнета со добра музика, пријатен амбиент и моменти во кои едноставно сакате да се опуштите, да наздравите и да уживате во секој миг.
ПЕТОК, 23 ОКТОМВРИ со ТРИО МАЊИФИКО
Веќе добро познатите и одомаќинети кавадарчани од составот Трио Мањифико повторно носат музичка приказна што ги буди најубавите емоции! Со маестрални изведби на староградски песни и препознатлив музички шарм, тие ветуваат вечер исполнета со безвременски мелодии, одлична атмосфера и песни што се пеат од срце.
Две вечери, две музички приказни и едно место каде што гастрономијата, елеганцијата и добрата музика се спојуваат во совршена комбинација.
Резервирајте ја вашата маса навреме на 078 534 334 и дозволете си уште едно прекрасно музичко доживување во Cipriani Fine Dining & Lounge Bar.































