Го уништивте најубавиот град – Прилеп

Фејсбук статус на независната советничка во Советот на општина Прилеп, Мирјана Стеваноска:

-Вечерва се враќам од Скопје и, како и секогаш, со мерак очекувам од далечина и од височина да ги видам светлата на мојот Прилеп.
Ама… Прилеп го немаше.
Црна темница. Тука-таму по некоја светилка, па на момент си помислив:
„Боже, зарем некој ми го украл цел град?!“
Не. Никој не го украл.
Само некој успеал да му го изгаси сјајот.
Од град што се гледаше оддалеку, направивте град што оддалеку изгледа како заборавено село без струја.
Срам да ви е, локално раководство!
Го уништивте најубавиот град — Прилеп.
А најтажно е што не ви треба ни прекин на струја за да биде темно.
Доволно е вие да раководите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.