Во Прилеп отворена изложбата “СПАМ” од уметникот Ѓорѓи Десподов

Во Ликовната галерија од Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата “Спам” од уметникот Ѓорѓи Десподов, кој живее и работи во Холандија.

Уметникот се претставува со дела од дигиталната култура, преку кои шпекулативните светови и апсурдите на секојдневието се испреплетуваат. “Спам” отвора простор за игра со неговите грешки, недоразбирања и празни ветувања.
Изложбата ја отвори Марта Макеска, проф. по ликовно образование која рече дека уметникот од рана возраст бил со напредна мисла.

-Десподов е современ автор кој има успех во дигиталната технологија. Го покажува времето кое поминало, сега што го живееме и она што доаѓа. При тоа не поттикнува да размислиме во какво време живееме- рече Макеска, на отворањето.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.