Не престануваат поплаките на жителите од Типската населба во Прилеп, десетици коњи секојдневно се шетаат слободно по улиците, им влегуваат по дворовите, им ги пустошат дрвцата и зеленилото.
Животните чии сопственици се често непознати, претставуваат опасност и за сообраќајот, особено во вечерните часови, па граѓаните да бидат внимателни кога поминуваат во овој дел од градот.
Граѓаните апелираат надлежните час поскоро да го решат овој проблем и да ги заштитат нивните имоти.



























