“ВМРО -ДПМНЕ го “гази” СДСМ на анкети”

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 година на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

Според објавената анкета ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,2 % од испитаниците, СДСМ 19.5 %, а ДУИ 4.6%.

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 27.8 % додека СДСМ ја поддржуваат 22.6 % од анкетираните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.