Пратеничката од Прилеп, Билјана Кузманоска, повторно се огласи од собраниските комисии, овојпат на Комисијата за финансирање и буџет, каде што зборуваше за амандман поврзан со сообраќајниот метеж во Прилеп.
Во своето обраќање, Кузманоска се осврна на активностите на Општина Прилеп за изнаоѓање соодветни сообраќајни решенија, а посебно ја истакна Западната обиколница, за која, според нејзината објава, веќе се работи на проектирање, додека финансиските средства се обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт.
Проектот предвидува поврзување на улиците „Александар Македонски“, „Леце Котески“ и „Орде Чопела“, со цел растоварување на сообраќајот во градот.
























