(Видео) Виpycoт не е единствен проблем на овој свет: Колона од 3.5 километри гладни луѓе кои чекаат за да ја подигнат донацијата

Страшна снимка која ја покажа вистинската слика на светот во кој живееме. Илјадници гладни луѓе од Јужна Африка чекаат во колона за да добијат храна.

На снимката направена со дрон во градот Кентурион може да се видат илјадници луѓе кои чекаат да добијат од пакетите со храна кои беа донирани од локалните бизнисмени.

Карантинот затвори многу бизниси, оставајќи многу луѓе без работа, а најсиромашните беа оставени без храна.

Како што велат хуманитарните работници, оваа донација е само една капка во океанот, во споредба со она што му е потребно на општеството.

“Потребата за храна е огромна. Над 80% од луѓето се странци и тие не добиваат никаква помош од Владата. Среќни сме што можеме да направиме мала разлика”, вели активистот Јусуф.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.