По поразот во минатото коло од КК Тиквеш на домашен терен, младите кошаркари на прилепски Мега баскет брзо се освестија и денеска приредија големо изненадување. Совладана е екипата на Пелистер, и тоа на гости.
Крајниот резултат на семафорот 58-65, што докажува дека кога се остава срце на терен, ниту парите не можат ништо. Доказ за тоа е што, младиот прилепски тим доби скромни средства од локалната самоуправа, додека битолчани имаат огромна поддршка од општината.
Дечките ни испратија победничко селфи од соблекувалната во Битола, па нам ни останува да им честитаме и да им посакаме уште многу вакви партии во текот на сезоната.
























