Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на ЕБР

Битола ќе биде домаќин на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), по повод значајниот јубилеј посветен на професионалноста, храброста и пожртвуваноста на нејзините припадници.

Во рамки на одбележувањето, на 19 и 20 август 2026 година, со почеток во 16:00 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола ќе се одржат вежбовни активности. Граѓаните ќе имаат можност да проследат дел од професионалноста, подготвеноста и вештините на припадниците на Единицата за брзо распоредување.

Централниот настан ќе се одржи во сабота, 22 август, со почеток во 18:00 часот, повторно на платото на Офицерскиот дом. Во рамки на настанот ќе биде реализирана показна вежба на ЕБР, преку која присутните одблиску ќе можат да ја видат нивната обученост, тактичка подготвеност и професионално делување.

Јубилејот од 25 години претставува значаен момент за Единицата за брзо распоредување, која низ годините е препознатлива по својата подготвеност и ангажман во служба на граѓаните и безбедноста на државата.

Битола ги пречекува оние кои секојдневно се грижат за безбедноста на сите нас.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите битолчани во сабота да бидат дел од одбележувањето и заеднички да го одбележат јубилејот на Единицата за брзо распоредување.

25 години храброст, професионалност и пожртвуваност – 25 години ЕБР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.