Човекот наречен диџеј – супер херој, STEVE AOKI премиерно во Битола, на Bitola Calling 2026 на 2 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Таму каде што минатата година застана Armin van Buuren, оваа година продолжува еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI!
Познат по својата неверојатна енергија, интеракција со публиката и легендарните “cake throwing” моменти, Aoki има настапувано на најголемите светски фестивали како Tomorrowland, Ultra, Coachella, Untold и многу други…
Тие што биле – знаат, а тие што не биле – сега ќе дознаат: Steve Aoki не приредува само шоу, туку вистинско аудио-визуелно искуство.
Затоа, на 2 август, очигледно е дека сите патишта ќе водат кон Битола.
























