Битола гради, инвестира и се развива – Објавен голем општински отчет за една година работа

Асфалтирани улици и патишта, нови паркинг места, изградба на спортска училишна инфраструктура, градинки, енергетски ефикасни училишта, противпожарна зграда, боксерска сала и многу други проекти.

Во функција на отчетност и транспарентност, Општина Битола го објавува Општинскиот информатор за активностите од ноември 2025 до ноември 2026 година.

Имате можност по области да ги проследите реализираните проекти, оние кои се во реализација, како и настаните кои одбележаа една година од вториот мандат на оваа локална самоуправа.

-Проекти, континуитет, стратешко планирање и јасна визија, се главните столбови врз кои се темели работата на оваа локална самоуправа – велат од општина Битола.

Преземи го општинскиот информатор ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.