Бpyка невидена: Голот на Шкендија бил 5 центиметри понизок, Мурињо ги откри и пpиjaви (Фото)

Интересен момент се случил пред почетокот на синоќешниот дуел помеѓу Шкендија и Тотенхем во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Гостите од Лондон за време на загревањето на стадионот “Тодор Проески” побарале замена на головите, затоа што, според тврдењето на Жозе Мурињо едниот гол бил 5 цм. понизок.

Всушност на тој пропуст на Мурињо му укажал голманот, а потоа Португалецот и сам се уверил, а потоа го пријавил проблемот до службеникот од УЕФА.

“Голманите ми рекоа дека едниот од головите е помал и навистина беше така. Го известивме делегатот и после мерењето беше утврдено дека е пократок за десетина центиметри. Сакавме да се промени и да се донесе гол со правилни димензии, што и се случи”, истакна Мурињо.

На својот Инстаграм профил тој објави фотографии на кои напиша:

“Мислев дека сум пораснал, но потоа сфатив дека голот на Шкендија е за 5 центиметри понизок”.

Како и да е, неговиот Тотенхем славеше во Скопје со 3:1 и ќе игра во плеј-офот на Лигата на Европа против Макаби Хаифа, а тој натпревар ќе се одигра на први октомври.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.