“ПРЕСС 24”: Две лица убиени во грабеж во Кисела Вода – НАЈНОВА ВЕСТ!

Истрели од огнено оружје предмалку ги вознемирија жителите на скопска Кисела Вода, дознава Пресс24.

Неофицијално, убиени се две лица при напад на менувачница, која е лоцирана на булеварот „Борис Трајковски”, кај Чешма во Кисела Вода.

Среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да ја ограбат менувачницата во Кисела Вода.

Лицето од менувачницата реагирало, а засега неофицијално двајцата напаѓачи се починати.

Улицата е затворена во моментов и на местото на настанот врие полиција и Брза помош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.