Проблемот со кучињата скитници во Прилеп станува се поалармантен, а тоа најдобро можеа да го видат сите минувачи синоќа во центарот на градот.
Околу Градскиот саат имаше повеќе од 20 кучиња кои ги напаѓаа минувачите, а до нашата редакција пристигна и видео.
Наши читатели апелираат општината под итно да го реши овој проблем со цел да не настанат несакани последици.
Животните не се криви за ништо, но институциите мораат под итно да ги засукаат ракавите и да овозможат безбедно и непречено движење на граѓаните.