Tpикови за блecкав дом, co овие еднocтавни намиpници ќе ги oтcтpaните нajтвpдокopните дамки

Доколку сакате темелно да исчистите некои делови од вашиот дом, ова се неколку предлози кои одамна се практикувале, но во сегашноста може се малку подзаборавени.

Се користат природни препарати кои ги користеле и нашите баби.

Сребрен прибор за јадење

Успешно може да го исчистите со помош на банана. Но, ако долго време стоел неисчистен детално, тогаш можеби е подобра опција да го ставите во тенџере кое претходно е обложено со алуминиумска фолија. Ставете три лажици сода бикарбона и додадете жешка вода. Оставете да отстои десетина минути и повторно измијте го приборот.

Дамки од бигор

Наслагите кои со текот на времето се создаваат од бигор, особено на туш батеријата не се убава глетка. За да го исчистите во пластична кеса ставете алкохолен оцет, а потоа во истата кеса ставете го тушот, така да биде целосно потопен. За да бидете сигурно дека кесата нема да се лизне, врзете ја и оставете да преноќи.

Наслаги од лепак

Доколку сакате да ја тргнете етикетата од теглата, а лепакот остана траг обидете се да го исчистите со лепак. Оцетот успешно го раствора лепакот, а помага и во отстранување на маснотиите кои знаат да останат по отстранување на лепакот.

Полирање кожа

Кожните чевли или чанта сакате да ги вратите во полн сјај? Пребришете нежно со мека крпа која претходно е потопена со млеко. Овој трик би требало веднаш да делува.

Туш кабина

Дамките на туш кабината се честа боја, а може да ги отстраните со бебешко масло. на чиста крпа ставете неколку капки бебешко масло и темелно пребришете ја кабината.

Огледало во бања

Пребришете го со крпа на која имате ставено пена за бричење. Со овој трик огледалото нема да се замаглува, а пената дополнително може да ја користите и како средство за отстранување на дамки од тепихот.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.