Teшка сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Вчера во 15.00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“ со француски национални ознаки, управувано од А.Б.(25) oд Франција и патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.И.(41) од с.Бузалково, велешко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Фолксваген Голф“, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.