Tрамп бесен на ЕУ: Франција и Германија не ја послушаа наредбата и избркаа само по 4 руски дипломати

0

Американскиот претседател Доналд Трамп бил бесен откако Франција и Германија го објавија бројот на руски дипломати кои ќе ги протераат, како резултат на обвинувањето на Русија за вмешаност во случајот со труењето на рускиот шпиун Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија – пишува “Спутник”.

Како и да е, откако Франција и Германија објавија дека ќе протераат само по 4 руски дипломати од Берлин и Париз, Трамп “еруптирал”, бидејќи бројката е далеку помала од 60, колку што протераа САД од своите граници, додаваат од “Спутник”.

Tрамп се обидел да се осигура дека бројката на протерани руски дипломати од Европската Унија ќе биде приближна со онаа на САД,

Од друга страна Доналд Трамп претходно нареди протерување на 60 руски дипломати од САД, вклучувајќи 48 вработени во руската амбасада и 12 луѓе назначени во Обединетите Нации во Њујорк, како и затворање на рускиот конзулат во Сиетл.