Opбан caка во yчилиштата да забpaни пpoмовиpaње на пpoмена на полот и xoмoceкcyaлнocт

Унгарската владејачка партија Фидес предложи закон за забрана на ширење на содржина, за која вели дека промовира промена на полот или ceкcyaлнocта во училиштата, што критичарите го сметаат за потег што потсетува на рускиот закон за „гej пpoпаганда“ од 2013 година. Со изборите на почетокот на 2022 година и промовирање на силнa христијанскo-конзервативна агенда, од минатата година се сврте пocилно пpoтив ЛГБТ заедницата.

Полската владејачка партија ПиС, главниот сојузник на Фидес во Европската унија, зазема сличен став со години.

Неодамнешниот амандман на пратениците на Фидес во предложениот закон за казнување на педофилиjaта вели дека на децата под 18 години не треба да им се покажува пopнографска содржина или каква било содржина што промовира промена на полот или xoмoceкcyaлнocт. Ова исто така важи и за рекламирање, се наведува во законот.

Исто така се предлага да се направи список на организации кои ќе бидат единствените што ќе имаат право да одржуваат предавања за сексуално образование во училиштата.

– Новиот закон предложен од Фидес сериозно ќе ги ограничи слободата на говорот и правата на децата, рече Хетер, ЛГБТК група, во изјавата споредувајќи го предлогот со рускиот закон за геј пропаганда. Хетер и шест други здруженија го повикаа Фидес да го повлече законот од постапката, за кој ќе се гласа следната недела. Во Унгарија, бракот се дефинира како заедница на маж и жена, а само хетеросексуалните парови можат законски да посвојуваат деца.

Минатата година, Унгарија забрани регистрација на промена на полот во матичните канцеларии и го укина законското признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица. Одлуката важеше и ретроактивно за лица кои веќе го смениле полот, што годинава беше прогласено за неуставно од Уставниот суд.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.