Oва се најскапите напуштени автомобили во Дубаи (ВИДЕО)

Скапоцени автомобили збираат прашина на улиците на Дубаи, а нивниот број е се поголем. Дубаи во последните неколку години стана еден од најбогатите градови и дефинитивно една од најпосетените дестинации.

Големиот број луксузни автомобили не се чудна појава во ваков град, но напуштени автомобили од неколку милиони долари навистина нигде не можат да се видат. Голем број бизнисмени кои банкротираа поради големата финансиска криза, своите автомобили ги оставија на улиците.

Одличен пример за тоа е “Ензо Ферари”, модел на автомобил кој е пронајден на паркинг до аеродромот во Дубаи. Во видеата кои следат погледнете какви се автомобили се наоѓаат напуштени на улиците во овој град и во каква состојба се наоѓаат.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.