Oглас за директор во ЈЗУ Центар за јавно здpaвje Прилеп: Платата фантacтична!

Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје Прилеп, објави оглас за директор.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, основната плата за ова директорско место изнесува високи 53,800 денари.

Кандидатите потребно е да имаат 5-годишно работно искуство, а покрај со медицински факултет, може да аплицираат и кандидати со стоматолошки, фармацевтски, логопед, мед.биохемија, економски, правен факултет.

Услов е и познавањето на Англиски јазик.

Огласот е активен до 21.09.2019 година.

Моментално в.д. директор на Центарот за јавно здравје во Прилеп е Драгица Николоска.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.