Oва момче заработува повеќе од 1.400 евра месечно: Кога ќе слушнете како, ќе му позавидите

Додека ова момче вечера, тој се допишува со илјадници луѓе, а понекогаш и разговара преку видео камера.

Ким Сун Јин (14) од Јужна Кореја заработува 1.400 евра дневно додека јаде брза храна и се снима додека комуницира со илјадници луѓе.

Секоја ноќ момчето вечера брза храна, а во тоа вклучува и кинеска храна, пијалок, пилешки крилца и се што може да се смести во таква исхрана.

Додека вечера, тој се допишува со илјадници луше, а некогаш и разговара преку видео камера.

Во една од неговите “епизоди” која ја смета за најуспешна, заработил 1.100 фунти, што и не е толку лошо за една вечер и тоа само додека јаде пред телевизор.

Младиот Кореец, јаде пред публика уште додека имал 11 години.

Ваквиот начин на живот го започнал затоа што сакал друштво за време на вечерата – родителите му работеле во друг град, а тој живеел со својата баба и дедо кои вечерале многу порано од него.

Тоа му обезбедило статус на позната личност.

“Луѓето ме препознаваат на улица – ми довикуваат и ми кажуваат што сакаат да правам”, вели Ким.

Програмот наречен Afreeca TV, e сервис за емитување видеа во живо. Токму овој програм му носи одлична заработувачка на Ким, но и на голем број други тинејџери од Јужна Кореја.

Аfreeca TV е клучен дел од социјалниот живот речиси на секој млад Кореец. Младиот Ким сега има околу 8 милиони посетители месечно.