Mицкоски од Прилеп: Блискоста со мене не ви носи привилегии, нема да имам милocт кон оној кој ќе посегне по коpyпција!

Сигурен во изборната победа, претседателот на ВМРО-ПНЕ Христијан Мицкоски од Прилеп порача дека главните предизвици доаѓаат по формирањето на новата влада.

-Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, исправена, eвропски интегрирана, техниолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Обновата значи да ги решиме и проблемите за кои говорев на почетокот, онаа неправдата која им е нанесена на Трајче и Сиљан од Битола, да помогнеме на Митре од Струмица, Жаклина од Ресен, Димитар од Карпош, да ја вратиме Гордана. Да решиме стотици, илјадници проблеми на граѓаните, рече тој.

Според него, задача на новата влада ќе биде да се вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа.

-Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот. Не само да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во Буџетот на Македонија. Мора да се врати одземеното. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитено.

Мицкоски им се обрати на кандидатите кои ќе ја застапуваат ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

-Повеќето од вас овде ќе бидат кандидати и треба да знаат дека по изборите ќе имаат одговорна задача да ѝ служат на земјата и да раководат со институциите. И имам неколку пораки до вас:

Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот. Од него ќе ја имате довербата, и тој е најважниот столб во оваа држава. Вие му служите нему, а не тој вам.

Нема да имам милост кон било кој што ќе посегне по неправда и корупција, одговорност за сегашната власт ќе има за оние кои се огрешиле кон законот, а со лупа од блиску ќе ја следам и вашата работа и за секој престап одговорноста ќе биде понесена, без оглед колку некој е близок со мене и колку битки заедно сме издвојувале. Тоа не ве прави големи, туку мора да ве прави поодговорни. Мора да се врати кај народот вербата во политичарите зашто не сме сите исти, а доаѓа ново време. Ќе ја вратиме вербата со дела, изразен морален и етички кодекс на однесување и никакви делби на граѓаните.

Не смееме да ги направиме грешките на оваа неодговорна власт, и да научиме од грешките на нашето владеење кои му сметаа на народот.

Мора да работиме десет пати, сто пати подобро и понапорно од било кога досега за да ја обновиме земјата.

Мора да го оствариме сонот за развиена држава, да отвориме досега најголема битка против неправдите.

Не смее да се дозволува неефикасност во работата, незаслужени приоритети или врски во образованието и здравството.

Не смее помалку вредните да го завземаат местото на успешните. Мора да се оствари ветеното и реално да се каже што ќе се оствари.

Да ги тргнеме на страна национал романтичарските теми за лов на гласови, и да ја добиеме довербата со дела и проекти за подобар живот.

Мораме државата да ја ставиме на брза патека за влез во Европската унија. Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар.

Не смееме да се однесуваме неодговорно и спрема националните прашања.

Заборавете на лускузот и удобствата на државна сметка. Секој денар е туѓ и му припаѓа на напатениот народ. Обновата на Македонија не е само повисоките плати, пензии за кои ќе се бориме, пониските даноци кои ќе ги воведеме, туку и обнова на пристапот и начинот на практикување на политиката. Можеме и ќе успееме и ви ветувам дека ќе успееме.

Мудрите луѓе рекле „животот им припаѓа на живите, и тој кој живее мора да е подготвен за промени. Сѐ што можете да го направите, или за кое мечтаете дека би можеле, започнете го. Храброста ги има генијот, моќта и магијата во самата себе”.

ВМРО ја запали машината. И ВМРО ќе ја донесе победата. Тоа е локомотивата која на брзи шини ќе ги донесе промените.

Ќе покажеме како одговорно се владее и како се дава шанса на успехот. Кога сите не отпишаа, ние покажавме пркос, кога не птоценуваа, ние работевме. Сега се исправаме и тргаме во последниот поход, каде целта е Македонија и ќе победиме.

ВМРО е народот, а народот е Македонија.

Заедно со сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати, заедно со Коалицијата за обнова на Македонија тргаме кон победа, заедничката победа и триумф на народот.

Јас не влегов во политиката за корист, туку за кауза и идеал. Мојата цел е успехот, а каузата она што сите нас силно не врзува – Македонија. Вие сте нашата сила, а силата ја прават сплотени луѓе. Ние денес се сплотуваме за нашата земја, за нашата иднина, за нашиот заеднички успех.

Ќе победиме заедно, со срце кои чукаат како едно. Да покажеме дека можеме и дека ќе успееме, а Македонија секогаш ја крепеле храбрите и одлучните. Кажете по улиците и маалата дека Обновата доаѓа, дека часот чукна и народот не може да се пречкрта. На 12 април доаѓа одговорот на народот, заврши тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.