Maркукуле дознава! Богата музичка програма за градската слава Св. Никола во Прилеп – еве кој ќе настапи!

Свети Никола не е само голем христијански празник, туку и ден кој има посебно место во срцата на прилепчани. Како патрон и заштитник на градот, Свети Никола веќе две децении ги обединува прилепчани во духот на верата, традицијата, хуманоста и заедништвото, продолжувајќи ја една од најубавите градски традиции.

На 19 декември (сабота), Прилеп по 21. пат организирано ќе ја одбележи својата градска слава, а оваа година честа да биде домаќин на манифестацијата ја има „РУСТИКА КЕТЕРИНГ“.

Покрај традиционалната посна трпеза, сармичките и дружењето, прилепчани ги очекува и богата музичка програма во центарот на градот.

Маркукуле дознава дека пред прилепчани ќе настапат Дани Димитровска, како и музичките групи „Фолтин“ и „Љубојна“, а додека водител на целата манифестација ќе биде најдобриот македонски шоумен, Игор Џамбазов!

Централните случувања ќе се одвиваат пред Параклисот „Св. Никола“ и на плоштадот „Александрија“, каде прилепчани и гостите од другите градови ќе имаат можност заедно да ја споделат радоста на градската слава.

Од „РУСТИКА КЕТЕРИНГ“ упатуваат покана до сите прилепчани да бидат дел од оваа традиционална прослава, да ја поддржат манифестацијата и заедно да го одбележат денот посветен на заштитникот на градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.