Maкедонски спорт и се’ е можно! Тепачка на кошаркарски натпревар, ја почнале двајца, а потоа прераснала во групна

Во саботата за време на одигрување на кошаркарски натпревар во спортската сала во OОУ “7-ми март” во Скопје, пријавено е дека бил физички нападнат играчот на гостинската екипа ФМП – Скопје Д.Н. (24) од страна на играч од противничката екипа, по што се вклучиле и други лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.