Maкедонскиот диџеј кој го заврти половина свет во 2018 и постави нови стандарди на електронската музичка сцена во Македонија (ФОТО)

Веќе неколку години наназад еден од нашите најталентирани диџеи и продуценти Галоски со успеси испишува историја за електронската музичка сцена во земјава и пошироко.

2018та- историска година за нашиот диџеј, ја започна со потпишано издание за Armada Music издавачката куќа која е во сопственост на еден од најголемите диџеи во светот – Armin van Buuren.

Имаше низа успешни настапи и турнеи од едниот до другиот крај на светот, настапи во Јапонија во три од најдобрите десет клубови во Токио, Австрија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Шпанија, Сингапур, на еден од најреномираните музички фестивали за електронска музика во светот Ultra Music Festival и едномесечна турнеја во Кина, со последователни настапи во повеќе градови од едниот до другиот крај на земјата.

Годинава имавме прилика да го видиме и слушаме на најголемите фестивали во земјава Skopje Calling и Ohrid Calling каде што беше официјална поддршка на светски познатите диџеи кои настапуваа во Македонија.

До крајот на годинава има потпишано уште едно издание за Armada Music кое веќе премиерно се емитува на радио емисијата кај светската диџејска сензација Fedde Le Grand.

За почетоците од 2019та веќе има најавено неколку изданија како и турнеја низ Азија и Европа.