Maкедонската машина од Прилеп пред професионална меѓународна кариера: Боксерот Трајче Илиоски од БК “АС” потпиша договор со австралиски менаџер (Видео)

Кога се сака се оди напред дури и во вакви услови на кopoна, кога спортот во Македонија е целосно стопиран. Вчера во ресторанот “Империја” во близина на Прилеп, се одржа официјална прес конференција на која вистинско задоволство беше да се слушне за една нова страница на боксот во Прилеп и државата.

Младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.

Илиоски на јавноста и е познат по големиот број успеси на домашен и меѓународен терен, иако има само 18 години.

Го носи надимакот “Македонска машина” и е врвен боксер кој од мали нозе созреваше со советите на тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески, а сега се наоѓа пред меѓународна кариера.

Тренерот Дарко Чатлески истакна дека Трајче е дел од клубот “АC” oд неговата 9-годишна возраст и е докажан боксер кој има учестувано на повеќе меѓународни натпревари во бокс и кик-бокс. Тој додаде дека е чест и задоволство да се работи со менаџерот Тони Тољ од Австралија, кој е докажан промотер и човек кој дава се’ од себе за професионалните боксери успешно да изградат интернационална кариера.

Младиот боксер истакна дека за да се биде светски шампион потребен е успешен тим, како што се тренерите Дарко и Ѓорѓи Чатлески.

“Во мојата досегашна кариера имам 40 борби од кои 38 победи. Имам учествувано на голем број натпревари, во и надвор од Македонија, во склоп на македонската репрезентација. Имам учествувано на натпревари во Белгија и Холандија. Исто така голем успех претставува постигнатото прво место на светскиот Куп во Австрија, како и националниот Куп во Врбас и ми претставува чест што ќе ја претставувам Македонија на вакво светско ниво”, истакна Илиоски.

Свое обраќање на крајот од прес конференцијата имаше и легендарниот тренер и судија од Прилеп, Ѓорѓи Чатлески.

“Во 2010 година, од повеќето пионери во нашиот клуб, најмногу се истакна токму Трајче. Тој во својата досегашна кариера има доста натпревари во Македонија, но и надвор од Македонија. Се истакна во боксот, но и во кик-боксот, како и тајландскиот бокс, но ние се одлучивме за боксот. Со неговото влегување во боксот како најмлад професионалец, се надевам дека во иднина ќе имаме и други боксери кои ќе го следат неговиот пример и ќе ја промовираат нашата држава на Балканот, но и во светот”, истакна Ѓорѓи Чатлески.

За време на промоцијата тимот Чатлески не заборави да се заблагодари на својот медицински тим предводен од др – Оливер Тасески и секако на дијагностичката лабараторија Максим. Претседателот на организацијта “ПроБокс Македонија”, Дарко Чатлески, во овој проект и сите активности кои и претстојат на организацијата најави и формирање на медиа пробокс тим, задолжен за уште поголема афирмација на боксот како спорт и следење на “ПроБокс Македонија” насекаде низ светот.

Чатлески најави и кам бек на поранешниот познат боксер од Oхрид, Саше Митрески, кој доколку дозволат условите со kopoнавиpycoт планира бокс настан помеѓу октомври и декември годинава, а на тој настан ќе се приклучат и боксери од “ПроБокс Македонија”.

После прес конференцијата следуваше краток промо тренинг помеѓу тренерот Дарко Чатлески и Трајче Илиоски.

Проследете во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.