Maкедонија извиси: Заборавете одмор во Црна Гора ова лето

Државјаните на Канада, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Зимбабве од утре ќе може слободно да влезат во Црна Гора, објави тамошното Национално координативно тело за зapaзни болecти.

Иако беше најавено дека поради лошата туристичка сезона, се размислува да им биде овозможен слободен влез на државјаните на земјите од Западниот Балкан, тоа не се случи.

Македонија не е на т.н „зелена листа“, на која освен земјите членки на ЕУ се наоѓаат и држави од кои според црногорските власти има минимален ризик за ширење на Koвид-19.

Нашата држава не се наоѓа ниту на „жолтата листа“ на земји, на чии државјано со негативен ПЦР тест им е овозможен влез во Црна Гора.

На „жолтата листа“ се наоѓаат соседните држави на Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина во кои според последните релевантни податоци, состојбата со ковид-19 е далеку посериозна од онаа во нашата држава. Освен трите соседи, „на жолтата листата“ се Либан, Сингапур и Сејшелските острови.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.