Mицкоски и Заев вечерва на дyeл во ТВ 24

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев денеска со почеток во 18: 15 часот ќе го имаат првото изборно соочување.

Како што објави ТВ 24, за лидерите има сета прашања од областа на политиката, правдата, и можности за соочување на аргументите на повеќе теми од економијата.

– Бомбашко лето во среде кампања, кој губи а кој добива? Аргументите на маса – можна ли е правна држава со селективна правда? Договорите со Бугарија и Грција како обезличување или како зацементиран идентитет за ЕУ и НАТО? И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ во ек на коронакриза, ветуваат повисоки плати и зголемена економија, реални ветувања или бајки за гласачите, пишува во најавата на дуелот.

Домаќин на ТВ дуелот е уредникот Младен Чадиковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.