Mладата Мелани плени со својот глас: Да гласаме за Македонија и идната музичка ѕвезда (Видео)

15-годишната Мелани Тарчуловска оваа година учествуваше на фестивалот “Golden Voice” кој се организира на Малта.

На фестивалот оваа година учествуваа учесници од над 30 држави во светот, а Македонија ја претставуваше токму младата изведувачка Мелани Тарчуловска.

Таа во видео записот во продолжение, каде ја изведува песната од Бруно Марс “When I was your man”, јасно се претставува и кажува дека доаѓа од Македонија.

Meлани како малечка фотографирана со македонското знаме

За да ја поддржите оваа млада Македонка потребно е да коментирате на Јутјуб каналот од фестивалот “Golden Voice”, oдносно под видео записот на Мелани.

Денеска е гласањето, а победниците ќе се избираат според бројот на позитивни коментари под видеото.

Има низа награди, пофалници, дипломи и статуетки, кои ќе се добиваат според категоријата во која спаѓаат сите изведувачи на фестивалот.

Ајде да помогнеме сите со по некој убав коментар оваа наша девојка да успее да дојде до награда, затоа што несомнено заслужува.

Слушнете во продолжение:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.